Новинарот Томислав Кежаровски вчера беше осуден на 4 ипол години затвор во случајот „Ликвидација“. Пресудата предизвика голем број на реакции од Здруженијата на новинари во Македонија, но во ниту едно од нив не пишуваше за какво точно дело е затворен нивниот колега.
Тој беше осомничен за дело “неовластено оддавање информации и податоци за сведоците, соработниците на правдата, жртвите кои се јавуваат во својство на сведоци и нивните блиски лица”, од закон за заштита на сведоци.
За што е осуден Кежаровски?
Според обвинението, спротивно на закон, заедно со надлежниот судија, во Репортер 92 го откриле идентитетот на лице(загрозен сведок кој подоцна е ставен во програма за заштита на сведоци) и покрај тоа што биле должни информациите да ги тертираат како класифицирани.
Томислав Кежаровски (48), главен уредник во списанието „Репортер 92“, спротивно на Законот за кривична постапка и Законот за заштита на сведоци, го открил идентитетот на лице (загрозен сведок кое подоцна е ставено и во програмата за заштита на сведоци, согласно ЗКП и Законот за заштита на сведоци) во истиот предмет и покрај тоа што бил должен со податоците за сведокот да постапува како со класифицирани податоци.
Судијата Зафиров по извршено сослушување на лицето-загрозен сведок примерок од записникот во кој бил забележан телефонскиот број на загрозениот сведок, стоел неговиот своерачен потпис и имало и други информации од кои може да се утврди идентитетот на загрозениот сведок, им дал примерок на бранителите-адвокатите на обвинетите лица во предметот, кој записник подоцна станал достапен за пријавениот Кежаровски кој го објавил во списанието „Репортер 92“ во два последователни броја, со што го откриле вистинскиот идентитет на „загрозениот сведок“ и го загрозиле неговиот живот и интегритет.
Кежаровски го доведе во опасност животот на заштитениот сведок
Новинарот Томислав Кежаровски со тоа што во весник истакнал податоци, име, дел од телефонски број и останати податоци кои го скицираат, сликаат и откриваат иденитетот на сведокот Бреза го довел во опасност по живот, за што се жалел и самиот сведок Бреза.
Името на заштитениот сведок, Кежаровски го објави неколку пати. Освен тоа целосно го разоткри идентитетот на лицето чие сведочење можеше да биде клучно во еден голем судски случај, каде се бараше правда.
На новинарот му се стави на товар дека незаконски го објави името на заштитениот сведок за убиството во Ореше, за кое судот на 29-ти март годинава, поради немање докази, ги ослободи браќата Ордан и Љупчо Ѓоргиевски, како и Ѓоре Петровски, од обвинението за платено убиството на 74-годишниот Лазар Милошевски од велешкото село Ореше. Претходно браќата беа осудувани два пати на по 12 години затвор, но Апелација, двапати ја поништуваше првостепената пресуда. Истиот судија, Илија Танев, по две пресуди, ги ослободи од обвинението убијците и нарачателот.
Во весникот „Репортер“ Томислав Кежаровски во својот текст, во повеќе наврати го објавува името на заштитениот сведок со псевдоним Бреза.

Новинарот откри премногу податоци за Бреза (цитати од спорниот текст)
-Кежаровски го откри името на Бреза
„…Кара и Вељан, селанец од Долно Лисиче, Скопско, човек чија улога во случајот е крајно непозната имале средба со “штипјанецот” Златко(алудира на името на Бреза и неговото преместување во штипскиот затвор) и му ветиле оти ќе биде се како што треба и декорот во штипскиот затвор наскоро ќе го смени со домашен амбиент“
„за палењето на продавницата споменато во најновото достигнување на некои од МВР, е осуден Златко алијас “Бреза”, заради што тој се наоѓа зад решетки“

Кежаровски со детали го оцрнува заштитениот сведок
Исто така, Кежаровски во својот текст во Репортер дава и други информации со кои покрај објавувањето на името на заштитениот сведок Бреза, јасно го оцртува и го скицира ликот на сведокот со кој го доведува во опасност по живот од страна на лица кои сакаат да го загрозат.
„заштитен сведок со оперативно име Бреза, за кого со сигурност се знае дека не е за машала, дека е човек со лош бекграунд, со големо криминално досие, дека лежи во затворот во Шуто Оризари за сторено разбојништво врз поштар, а против него се водат постапки за палење продавница“